Оваа годна е на пат да стане една од четирите најтопли досега

Сподели со своите пријатели

Оваа година е на пат да стане една од четирите најтопли досега. За ова придонесува силниот феномен Ел Нињо, кој го продолжува трендот на затоплување што трае повеќе од една деценија, беше објавено денес во извештајот на Метеоролошката агенција на Обединетите нации.

Во извештајот на Светската метеоролошка организација за „состојбата на климата“, кој ќе биде основа за новата рунда меѓународни преговори за климата COP31, што започна денес во Турција, се наведува дека во периодот од јануари до септември оваа година, глобалната просечна температура била 1,47 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек, објавува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен убедливо води во анкетите пред претседателските избори во Франција

Исто така, се проценува дека температурата би можела да продолжи да расте поради силното влијание на Ел Нињо, според извештајот.

– Секој индикатор овде раскажува иста приказна. Гледаме дека топлината, која ја задржуваат гасовите со ефектот на стаклена градина, се акумулира во океаните и атмосферата, што доведува до топење на мразот и покачување на нивото на морето – изјави раководителот на одделот за информации за климата во таа организација, Џон Кенеди.

Климатската служба на Европската Унија „Коперник“ претходно објави дека е речиси сигурно дека оваа година ќе стане втората календарска година, по 2024 година, што ќе ја надмине границата на просечно зголемување на температурата од 1,5 степени целзиусови над прединдустриските нивоа, што беше утврдена со Парискиот договор од 2015 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијанист падна од крузер во морето: Рибари го пронашле на околу 30 километри од брегот, се бори за живот

Планетата акумулира повеќе топлина, се вели во извештајот на ОН, при што температурите на океаните продолжуваат да растат оваа година откако достигнаа рекордно високо ниво во 2025 година.

Глобалното просечно ниво на морето, исто така, достигна рекордно високо ниво оваа година, поради топењето на глечерите и ледените покривки, како и ширењето на морската вода како што се затоплува, се заклучува во извештајот.