Остра порака од Техеран по поразот на Трамп: „Американците рекоа не на војната“

Сподели со своите пријатели

Иранските власти утрово ги поздравија резултатите од излезните анкети во САД, каде што се одржаа изборите за Конгресот, по што демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.

„Без разлика дали од совест или поради трошоците за живот, Американците рекоа – не на војната, и ние ја поддржуваме таа порака“, напиша Мохамад Багер Галибаф, главен преговарач на Иран во преговорите со САД, на социјалните мрежи по поразот на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според првите резултати од излезните анкети и како што резултатите пристигнуваат од американските држави, Демократската партија ја презема контролата врз двата дома на Конгресот – Претставничкиот дом и Сенатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што значи поразот на Трамп за Европа и глобалните пазари?

Изборите за Конгресот обично се одржуваат на половина од четиригодишниот мандат на сегашниот претседател на САД.