Пожар избувна во фабрика управувана од филијала на јапонската компанија „Панасоник“ во Тајван, во која пет лица се повредени, додека две се водат како исчезнати, соопштија денес претставници на округот Хсинчу во кинескиот регион Тајван.
Повредените се однесени во болница, а пожарот е изгаснат, соопштија властите на округот, според Ројтерс.
Фабриката на Панасоник каде што избувна пожарот ги снабдува локалните производители на печатени кола, кои се неопходни за електронски уреди како што се компјутери и сервери со вештачка интелигенција.
あ、基板やばいかも
>>>>>>>
本日(11月4日)の早朝、台湾 #Panasonic の新竹工業団地内の光復路にある多層材料工場で、大規模な火災が発生しました。この事件は、大きな爆発音と大量の濃い黒煙を伴っていました。— パウロ (@paurooteri) November 3, 2026

