Делови од Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период 08:00 до 14:30 без струја ќе бидат жителите на селото Јачинце, поточно долниот дел од селото.
Утре во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Србо Томовиќ“, улица „Осогово“, како и дел од „11 Ноември“ поточно пред мостот за населбата Бедиње.
Во период од 08:30 до 12:00 часот утре без струја ќе останат населбата Средорек, дел од улицата „Доне Божинов“, објекти околу Автобуската станица, како и дел од улицата „Никола Тесла“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

