Крадец во Токио вратил часовник вреден 260.000 евра со писмо со извинување

Сподели со своите пријатели

Маж кој минатата недела украл луксузен швајцарски часовник вреден повеќе од 260.000 евра од продавница во Токио, го вратил неколку дена подоцна, заедно со рачно напишано писмо за извинување, објавија јапонските медиуми.

Кражбата се случила во токискиот округ Накано, кога маж влегол во продавницата претставувајќи се како муштерија. Тој

побарал да проба часовник од швајцарскиот производител „Audemar Piget“, чија вредност се проценува на 46 милиони јени, односно повеќе од 260.000 евра.

Мажот го ставил часовникот на раката за да го проба, а потоа одеднаш истрчал од продавницата.

Откако била пријавена кражбата, полицијата започнала потрага по осомничениот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авион полн со патници добил дојава за поставена бомба. Итно слетување, затворен целиот аеродром!

Сепак, случајот добил неочекуван пресврт на 1 ноември, кога во продавницата пристигнал пакет што содржел украден часовник.

Со него било рачно напишано писмо за извинување.

Враќањето на часовникот го објавија јапонскиот весник „Асахи Шимбун“ и други медиуми, повикувајќи се на анонимни извори блиски до истрагата.

Полицијата сè уште го бара осомничениот

Врз основа на серискиот број, истражителите потврдија дека станува збор за истиот часовник што беше украден од продавницата претходната недела.

Новинарите од агенцијата Франс Прес ги контактираа сопствениците на продавницата, но тие не сакаа да коментираат за случајот.

Иако скапиот часовник е вратен, полицијата сè уште го бара човекот осомничен за кражба, пишува „Асахи Шимбун“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентски протест во Франција: Се очекуваат до 30.000 демонстранти

Ова не е прва голема кражба на луксузни часовници во трговскиот центар. Во август, четири скапи часовници беа украдени од друга продавница, чија вкупна вредност беше проценета на 200 милиони јени, односно повеќе од 1,13 милиони евра.