Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат Кожув во рамки на 5. коло од домашниот кошаркарски шампионат.
Кумановци ќе треба да ја прилагодат играта без Адем Мекиќ кој по само три одиграни наптревари одлучи да замине во МЗТ Скопје.
Од досега одиграните натпревари избраниците на тренерот Марин Докузовски имаат скор од две победи и исто толку порази, додека утршениот противник моментално е на втората позиција во табелата и има само еден пораз.
Утрешниот меч се игра од 18 часот во Спортската сала Куманово.
Никола Ивановски

