Кумановец возел без дозвола, возилото му било одземено, а тој приведен

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека управувал возило иако немал положен возачки испит.

– На 30.10.2026 во 17:00 часот на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ш.(36) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ш. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Деветнаесетгодишници од Куманово краделе нафта од камиони, полицијата ги привела

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против С.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски