Приведен 43-годишен кумановец, возел со над два промила алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишник од Куманово бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека возел под дејство на над два промила алкохол.

– На 30.10.2026 во 17:30 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.С.(43) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола запрено е патничко моторно возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел без дозвола, возилото му било одземено, а тој приведен

– По целосно документирање на случајот, против З.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски