Поскапува автобускиот превоз во Куманово, учениците и студентите ќе се возат со попуст (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со одлука на Советот на Општина Куманово, од први јануари 2027 година поскапува општинскиот линиски превоз, а бројот на линиите се намалува од 26 на 19.

Како што информираше Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за комунални работи при Општина Куманово, дел од линиите се нерентабилни, па затоа нивниот број ќе биде намален.

Новите цени на билетите ќе се движат од 50 до 140 денари зависно во која зона се наоѓаат линиите.

– Со новата одлука линиите се намалени од 26 на 19 бидејќи сметавме дека нема потреба од толку голем број на линиии бидејќи истите не се рентабилни. Со оваа одлука се уредуваат и зони по километри. На територијата  на Општина Куманово постојат 6 зони и тие се утврдени согласно нивната оддалеченост,  првата зона е до 4 км, шестата до 30 км. Тарифен број за зона 1 – 50 денари, зона 2 – 60, зона 3 – 80, зона 4 – 100, зона 5 – 120 и зона 6 – 140 денари, истакна Ланг Спасовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР: Од утре врнежи од дожд, наместа пообилни

 

 

Како што истакна раководителката, ова се максимално дозволени цени и не значи дека веднаш ќе се применуваат од страна на превозниците.

Одлуката која вчера ја изгласа Советот предвидува и учениците и студентите да добијат 50% попуст.

– Право на користење на оваа мерка имаат сите ученици кои кај самите превозници ќе доставуваат претходно издадена потврда од училиште во кое посетуваат настава, додека редовните студенти како доказ за користење на мерката ќе приложуваат студентска легитимација, изјави Ланг Спасовска.

Никола Ивановски