Експлозија во рудник на северот од Турција, двајца мртви и пет повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку двајца работници загинаа, а пет се повредени во експлозија во рудник на северот од Турција, соопштија официјални лица.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до друг работник заробен во рудникот.

Причината за експлозијата во покраината Зонгулдак, на брегот на Црното Море, е непозната.

Гувернерот на покраината им изјави на новинарите дека двајцата повредени рудари се во сериозна состојба и дека еден од нив е префрлен во главниот град Анкара на лекување.

Несреќите во рудниците не се невообичаени во Турција. Во една од најлошите рударски несреќи во оваа земја, пожар во рудник за јаглен во градот Сома во 2014 година, загинаа 301 лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРОТЕСТИ СЕ ШИРАТ: Околу 50.000 студенти и професори излегоа на улиците во Виена (ВИДЕО)