Катаклизма во Британија: 10.000 луѓе без струја, затворени патишта, откажани летови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ветрот корнеше големи стебла од дрвја, што ги блокираше патиштата и оштети автомобили, пишува Sky News.

Метеоролозите предупредуваат на силни ветрови, особено на југозападот од земјата.

Според извештаите, 9.251 домаќинства во Корнвол останаа без електрична енергија, а авиокомпаниите откажаа летови од Бристол, Корнвол и Ексетер.

Бурата, прва во сезоната, донесе обилни дождови и големи бранови, при што ветровите ги затворија патиштата во Корнвол.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран му се закани на Трамп: Ако се обидете да нè уништите, ќе повлечеме со нас многу земји

Четири училишта во Корнвол беа исто така затворени, додека градскиот совет објави дека 77 училишта ќе започнат со настава подоцна.

Временските предупредувања се во сила низ Англија и Велс.

Метеоролозите најавуваат уште една бура со ветрови до 128 километри на час – Боело, која најмногу ќе ја погоди Шкотска, северниот дел на Англија и Северна Ирска.

Се додава дека цела Велика Британија може да очекува обилни дождови во сабота, бидејќи бурата Боело се приближува од запад.