Австрија протера четири руски дипломати

Сподели со своите пријатели

Австрија прогласи четири руски дипломати за персона нон грата поради сомнение за шпионажа, објави австриското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека тројцата дипломати од руската амбасада во Виена извршиле „активности што не се во согласност со нивниот дипломатски статус“.

„Во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, тие се прогласени за персона нон грата“, се вели во соопштението, како што објави денес „Хојте“.

Мерката се однесува и на руски дипломат кој работел во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, во рамките на руската делегација за воена безбедност и контрола на оружјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Норвешкиот инвестициски фонд забележа загуба од 26,4 милијарди евра

„Тој е обвинет и за активности што не се во согласност со неговиот дипломатски статус и му е наредено да ја напушти Австрија“, се додава во соопштението.

Австрија, исто така, протера руски дипломати претходно оваа година, а најновата одлука дополнително ги затегна дипломатските односи меѓу Виена и Москва, според австрискиот дневен весник, објавен од Танјуг.