Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека на Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не прекин на огнот, и додаде дека е потребно „некој во Киев да донесе одговорна одлука“.
„Ништо не се променило кога станува збор за ставот на Москва во врска со решавањето на украинскиот конфликт. Ни треба мир, а не примирје“, рече Песков, објави РИА Новости.
Според него, украинскиот проблем не може да се реши без присуство на претставници од Киев.
Денес, претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе го прими специјалниот претставник на американскиот лидер, Стивен Виткоф, а преговорите ќе се одржат во замокот Константиновски во Санкт Петербург.
Во вторник, Виткоф учествуваше во преговорите за украинскиот мировен процес во Осло, а присутни беа и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александар Стаб.
Зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, се придружи на состанокот од далечина.
Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека конфликтот во Украина ќе биде решен, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува во него, пренесува Танјуг.

