Димитриевски ги повика граѓаните со свои идеи да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ги повика граѓаните активно да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година, преку споделување на своите идеи, предлози и приоритети.

Димитриевски ги охрабри сограѓаните да го пополнат онлајн анкетниот прашалник, со цел планирањето на буџетските средства да одговори на реалните потреби на граѓаните и да придонесе за подобар квалитет на живот во општината.

„Заедно да ги утврдиме приоритетите и да креираме буџет во интерес на сите граѓани“, порача градоначалникот.

Анкетниот прашалник е достапен на веб-страницата на Општина Куманово, а граѓаните ќе можат да го пополнат заклучно со 7 декември 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црвени фењери, кафеани и тајни соби: Куманово некогаш имало и бордели!