Ѓоргиевска: 45 милиони денари сопствени приходи и проектни средства за развој и заштита на Галичица

Сподели со своите пријатели

Националниот парк „Галичица“ во изминатите две години обезбедил околу 45 милиони денари од сопствени приходи и проектни средства, кои се насочуваат кон развој на туристичката инфраструктура, унапредување на работењето и заштита на природното богатство. Резултатите од финансиското работење, инвестициите и меѓународните проекти ги презентираше директорката Фросе Ѓоргиевска во рамки на двегодишниот институционален отчет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Нејзината прес конференција ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:

Во рамки на двегодишниот институционален отчет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, беше презентирана работата на ЈУ Национален парк „Галичица“, со конкретни резултати во финансиското работење, инвестициите, развојот на туризмот и заштитата на природното богатство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија доби 100 нови амбулантни возила (ФОТО)

Во 2025 година, Националниот парк остварил 9,9 милиони денари приходи од влезници, највисоко ниво од воспоставувањето на системот за наплата, а дополнителни 1,1 милион денари се обезбедени преку спогодби со субјекти што работат во заштитеното подрачје.

Вкупните сопствени приходи во двегодишниот период изнесуваат околу 29 милиони денари, додека преку проекти се обезбедени дополнителни 16 милиони денари.

Средствата се насочуваат кон унапредување на туристичката инфраструктура, при што се реализирани инвестиции на локалитетот „Липона Ливада“, а продолжуваат и активностите за развој на туристичките капацитети, вклучително и планираните понтонски пристаништа на Преспанското Езеро.

Значаен сегмент е и подготовката и реализацијата на европски имеѓународни проекти, меѓу кои Interreg Euro-MED, „Преспа – зелена и синаиницијатива“, како и апликациите за програмите HORIZON и LIFE4Galichica.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија доби 100 нови амбулантни возила (ФОТО)

Паралелно, се зајакнува научно-истражувачката улога на Паркот преку соработката со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали при МАНУ.

Јавната функција за Движење ЗНАМ не е привилегија, туку одговорност што мора да се потврди со конкретни резултати.

Преку домаќинско управување, зголемување на сопствените приходи и одговорно вложување во јавните ресурси, се покажува дека институциите можат да бидат поефикасни, финансиски поодржливи и посилно насочени кон интересите на државата и граѓаните.

„Галичица не е само природно богатство, туку национална вредност и обврска кон идните генерации. Нашата цел е да ја зачуваме, да ја развиваме и да оставиме посилна институција зад нас“, е пораката на отчетот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија доби 100 нови амбулантни возила (ФОТО)