Три лица загинаа во рускиот напад врз Харков, повеќе повредени во Одеса

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз Харков, во североисточна Украина, објавија денес украинските власти.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави дека руските сили нападнале дел од градот со дронови за напад, а сите достапни екипи за итни случаи биле распоредени на местото на нападот.

„Руската армија го нападнала населбата Шевченковски во Харков со дрон. Според досегашните информации, три лица се убиени, а пет се повредени. На повредените им е дадена целата потребна помош“, рече Терехов, пренесува Укринформ.

Во одделен напад на руските сили врз Чорткив, во регионот Тернопол, уништена е странска компанија која работела во таа заедница повеќе од десет години и била меѓу најголемите даночни обврзници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доналд Трамп: САД разговараат со Русија и Кина за денуклеаризација

Градоначалникот на Чорткив, Володимир Шматко, изјави дека руските сили ја напаѓале компанијата два дена по ред.

„Еден дрон го погоди објектот во четврток, додека денес беа регистрирани уште два напади со беспилотни летала. Во повторениот напад, компанијата беше целосно уништена, но евакуацијата на вработените спречи нови жртви“, рече тој.

Руските сили ја нападнаа и Одесската област, каде што беа повредени четири лица, според началникот на регионалната воена администрација, Олег Кипер.

Во нападите беа оштетени седум приватни куќи, енергетски објект и компанија за производство на стоки за домаќинството, пренесува Танјуг.