Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека Вашингтон води разговори со Москва и Пекинг со цел денуклеаризација на земјите што имаат најголеми залихи на нуклеарно оружје.
Русија има најмногу боеви глави, по што следат САД и Кина, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).
САД се пред Русија во однос на бројот на распоредени боеви глави, објави денес Ројтерс.
Во интервју за Newsmax, Трамп вчера изјави дека очекува Кина да ги „стигне“ САД по ова прашање во следните пет години.
„Целата работа е штета, бидејќи би сакал да ја видам денуклеаризирана доколку е можно, но всушност разговараме со Русија за тоа и разговараме со Кина за денуклеаризација“, рече Трамп.
Newsmax објави дека Трамп разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг за денуклеаризација.
Како што објави Ројтерс, изјавата на Трамп доаѓа месеци откако истече Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ) претходно оваа година.
Новиот СТАРТ потпишан во 2010 година дозволуваше само едно продолжување, кое поранешниот американски претседател Џо Бајден го договори со рускиот претседател Владимир Путин за пет години.
Новиот старт истече на 5 февруари 2026 година и следеше по претходното суспендирање на учеството на Русија во 2023 година.
Секое ново продолжување би барало извршна одлука за доброволно продолжување на ограничувањата на договорот.

