Депонијата „Краста“ е деблокирана и работата продолжува, откако синоќа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, остварил средба со претставници на селото Пчиња, на која се разговарало за надминување на проблемите поврзани со депонијата.
Димитриевски информираше дека на средбата биле разгледани можностите за надминување на состојбата, а ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, со поддршка на Општина Куманово и општествено одговорни компании, ќе продолжи со активности за санација и унапредување на состојбата на депонијата.
„Депонијата Краста е деблокирана за работа и давањето на јавната услуга ќе продолжи непречено“, соопшти Димитриевски.
Воедно, најавени се и дополнителни мерки, предложени од жителите на Пчиња и околните села, со цел подобрување на состојбата на депонијата.
Никола Ивановски

