29-годишник од Куманово возел со над три промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел со над три промили алкохол.

– На 03.10.2026 во 01:12 часот на  регионален пат Куманово- Свети Николе полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П.(29) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 3,01 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца повредени откако „пежо“ се преврте на патот Куманово – Липково

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски