Втор третман против глодари и бубашваби следната недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 5 до 7 октомври 2026 година, во канализационата мрежа на територијата на Општина Куманово ќе се спроведат третмани против глодари и црна бубашваба.

Активностите ќе се реализираат во периодот од 08:00 до 16:00 часот, како дел од вториот есенски циклус на планираните третмани.

За третманот против глодари ќе се користи препаратот Deration Parafinato, додека за третманот против бубашваби ќе се употребува препаратот Cymina Plus.

Од Општина Куманово информираат дека, доколку временските услови не бидат соодветни за извршување на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени за нареден период, кога временските услови ќе бидат поволни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународниот ден на старите лица одбележан во „Зафир Сајто“ со низа активности и нови соработки (ВИДЕО)

Никола Ивановски