Приведен кумановец по напад на својата 68-годишна мајка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал својата мајка.

– На 01.10.2026 во 22:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.Ш.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународниот ден на старите лица одбележан во „Зафир Сајто“ со низа активности и нови соработки (ВИДЕО)