Адем Мекиќ повторно во дресот на Куманово

Сподели со своите пријатели

МКК Куманово се засили со репрезентативецот Адем Мекиќ воочи почетокот на новата Суперлига која ја стартува со меч против МЗТ веќе овој викенд.

Адем Мекиќ е искусен македонски кошаркар, роден на 14 септември 1995 година во Скопје.

Во текот на својата кариера настапувал за повеќе македонски клубови, меѓу кои Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Куманово и Пелистер, а има искуство и со настапи во македонската репрезентација.

– Познат е по својата борбеност, квалитет, енергија и тимски дух. Со својата игра и професионален однос, тој ќе биде големо засилување за нашиот тим, велат од МКК Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово

Мекиќ веќе има играно во Куманово две години, во 2017 и во 2019 година.

Никола Ивановски