Малолетници изболе со нож 16-годишник од Матејче, момчето заврши на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Две малолетни лица биле приведени ноќва во липковско Матејче под сомнение дека со остар предмет нанесувајќи му тешки повреди.

– На 29.09.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово најави дополнителна механизација за санирање на Краста (ВИДЕО)

Никола Ивановски