Куманово и Чајетина ја продолжуваат спортската соработка преку одбојката

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со одбојкарките и тренерот на ЖОК „Златибор“ од Чајетина, Станко Брашанац, кои престојуваат во Куманово во рамки на возвратната посета и продолжувањето на спортската соработка со ЖОК „Куманово“.

На средбата присуствуваа и тренерот на ЖОК „Куманово“, Горан Станиќ, како и спортскиот новинар Марјан Стошевски.

 

 

Посетата на гостите од Чајетина следува по престојот на одбојкарките на ЖОК „Куманово“ на Златибор, каде што беа реализирани заеднички тренинзи и контролни натпревари со ЖОК „Златибор“.

Двете екипи преку овие активности имаа можност да разменат спортски искуства и да воспостават нови пријателства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со претстава на Театарот од Ниш вечерва продолжува МТФ „Денови на комедија“

 

 

Во рамки на посетата во Куманово, во спортската сала „Куманово“ се одржа и интернационален турнир во одбојка за жени, на кој учествуваа ЖОК „Куманово“, ЖОК „Златибор“ – Чајетина, ЖОК „УГД Штип“ и ЖОК „Форца“ – Скопје.

Турнирот понуди можност за натпреварување меѓу екипите, но и за продолжување на спортските контакти и создавање нови пријателства меѓу одбојкарките и стручните тимови.

 

 

На средбата, Димитриевски истакна дека ваквите спортски соработки придонесуваат за размена на искуства и зајакнување на врските меѓу збратимените општини.

По повод освоеното прво место на интернационалниот турнир, градоначалникот, во име на ЖОК „Куманово“, им додели дипломи на гостите од Златибор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово приведен поради напад врз малолетничка

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека и во периодот што следува ќе продолжи поддршката за спортските активности, со цел партнерството меѓу Куманово и Чајетина, како и соработката меѓу двата одбојкарски клуба, да продолжат преку нови заеднички тренинзи, натпревари и други активности.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски