Тинејџер од Куманово приведен поради напад врз малолетничка

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека физички нападнал малолетничка.

– На 27.09.2026  во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.А. (19) од Куманово, затоа што  на  улицата  „Гоце Делчев“ во Куманово  физички нападнал малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против И.А. ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Детски Семафор 2026“ во Куманово: Најмладите учеа како безбедно да се движат со велосипед