Северна Кореја денеска објави дека Јужна Кореја ќе стане главна цел за колективна одмазда доколку служи како централен центар во колективниот одбранбен систем предводен од Соединетите Американски Држави, пренесува државната новинска агенција KCNA.
Директорот на одделот на Институтот за проучување на непријателските држави, Канг Чол-су, го обвини Вашингтон дека го претворил својот сојузник Јужна Кореја во база за постигнување глобална хегемонија и ја користи како почетна точка за учество во конфликти во странство, пренесува Ројтерс.
Канг се осврна на изјавите на командантот на американските сили во Јужна Кореја, кој ја претстави земјата како клучен центар на колективната одбрана и ги критикуваше заедничките воени вежби и распоредувањето на американските сили.
Тој рече дека Пјонгјанг подготвил контрамерки и безмилосно ќе ги потисне сите закани за неговата безбедност.
Соединетите Американски Држави имаат околу 28.500 војници стационирани во Јужна Кореја со цел да ја одвратат Северна Кореја од агресија, јави Танјуг.

