Русија лансираше речиси 300 дронови врз Киев, едно лице е повредено

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредено во рускиот напад со дронови врз Киев, од кои речиси 300 беа лансирани кон Украина во текот на ноќта.

Во текот на ноќта руските сили ја нападнале Украина со вкупно 295 беспилотни летала од различни типови, соопшти Военото воздухопловство на Украина.

Украинската воздушна одбрана уништи или онеспособи 267 беспилотни летала.

„Ударите се забележани на 16 локации, додека соборениот дрон, односно нивните остатоци паднале на четири локации“, додаваат тие, пренесува „Украинска правда“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека едно лице е повредено во напад на руски дрон врз Киев, кога остатоците од соборениот дрон паднале врз станбена зграда од 25 ката во областа Соломјанск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде завршија двајца севернокорејски војници заробени во Украина?

Беспилотните летала беа лансирани од руските градови Ориол, Курск, Милерово, Приморско-Ахтарск и Шаталово, како и од окупираните градови Доњецк и Хвардивска.

Нападот се уште траеше утрово, а неколку руски беспилотни летала се уште беа во украинскиот воздушен простор.