Вечерва започнува 29. издание на МТФ „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Смрт на погребот“ на Театар Куманово вечерва започнува 29. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на Комедија“.

За прв пат оваа година, на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“, фестивалот ќе го отвори домашниот театар, кој вообичаено играше на последниот ден.

Во текот на фестивалските денови кои ќе траат до 5 октомври, ќе настапат вкупно 10 театри од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија.

На вечерашното отворање свечено ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во развој на театарската уметност, особено во комедијата, а годинава добитник на истата е Игор Џамбазов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дополнителни камери од „Сејф сити“ ќе се поставуваат во Куманово

Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, а на последниот ден ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија, главна женска и машка улога, споредна женска и машка улога и млад актер. За наградите ќе одлучува тричлено жири.

На 5ти октомври фестивалот ќе го затвори повторно кумановскиот театар со минатогодишната претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“, која имаше огромен успех кај публиката.

Никола Ивановски