Дополнителни камери од „Сејф сити“ ќе се поставуваат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Уште на четири локации во Куманово во најскоро време ќе бидат поставени камери од проектот „Сејф сити“ кои ќе ги ловат прекршоците на несовесните возачи.

Ова денеска го истакна командирот на Полициска станица од Општа надлежност Куманово, Томислав Додевски, одговарајќи на прашање на советничко прашање.

– По барање на граѓаните на град Куманово, а и нашето согледување моментално поставните камери од „Сејф сити“ не се доволни, така да мислам дека е опфатена „Октомвриска Револуција“, локалитетот „Табакана“ и имам информација дека уште на три локации ќе се поставуваат камери во најбрз можен период, информираше командирот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и тетовец се тепаа на скопскиот аеродром

Инаку казнувањето со камерите од „Сејф сити“ во Куманово започна на февруари годинава.

Моментално во Куманово камери се поставени на неколку две локации на булеварот „Октомвриска револуција“, излезот, односно влезот на градот, како на дел од регионалните патишта.

Никола Ивановски