Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека возел мотор иако немал положено.
– На 21.09.2026 во 17:55 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Ј.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле мотоцикл „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

