Кумановка го натепала вонбрачниот сопруг, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишна кумановка ноќва била приведена по пријава дека физички го нападнала својот вонбрачен сопруг.

– На 22.09.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода В.З.(29) од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот вонбрачен сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил на кумановец изгоре во Скопје (ВИДЕО)