Денеска, утре и задутре, без струја повеќе делови од Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и околината денеска и во следните два дена привремено ќе остануваат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 13:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Егејска Македонија“, „Живко Чало“ и „Иго Тричковиќ“.

Од 09:00 до 15:00 чаот прекини ќе има и на улиците „Трајко Јовановски“, „11 Ноември“ и „Индустриска“.

Во период од 10:25 до 12:00 часот утре без струја ќе останат селата Биљановце, Бабин Дол, м.в. Краста, Пчиња, Студена Бара, Винце и Вакв.

Утре во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе остане селото Клечовце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка го натепала вонбрачниот сопруг, полицијата ја привела

Од 09:0 до 15:00 часот утре струја ќе немаат корисниците од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.

Задутре, на 24ти септември, прекини ќе има кај дел од објектите околу кланицата во селото Доброшане и тоа во период од 08:30 до 14:00 часот.

Прекини повторно задутре ќе има на улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“ во период од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја задутре во период од 08:30 до 15:00 часот, ќе бидат селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, К’шање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и селото Стрезовце.

Од 10:30 до 12:00 часот задутре струја ќе нема и на локациите Бејтови ниви, населбата Иго Тричковиќ, село Тромеѓа, село Младо Нагоричане, како и м.в. Баремов цвет и Мајорово трло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена 63-годишна кумановка поради питачење

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски