Автомобил на кумановец изгоре во Скопје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автомобил „шевролет каптива“, сопственост на жител на Куманово, викендов бил опожарен во Скопје, а огнот зафатил и друго возило.

– На 20.09.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Финска“ во Скопје било опожарено патничко возило „шевролет каптива“ со кумановски регистарски ознаки, во сопственост на Д.Н.(40) од Куманово, а огнот зафатил и патничко возило „фолксваген голф 4“ со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Десет пожари во кумановско изминатото деноноќие

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Во меѓувреме, снимка од автомобилот на социјалните мрежи објави тиктокерот познат како Император, кој тврди дека автомобилот бил запален.

 

Никола Ивановски