Кумановец се заканувал на 24-годишниот син, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека се заканувал на неговиот син.

– На 15.09.2026 во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(46) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон неговиот 24-годишен син и му се заканувал, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно  документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува обновата на водоводната мрежа на „Моша Пијаде“