Приведен 37-годишен кумановец, возел иако имал забрана

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец вчера попладне бил приведен откако полицијата констатирала дека возел и покрај активната забрана.

– На 15.09.2026 во 18:20 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Б.(37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото за време на активна забрана.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на 24-годишниот син, полицијата го привела

Никола Ивановски