Карни најави единствен безбедносен и економски сојуз на Канада со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа изјави дека Канада ќе се стреми да изгради „уникатен безбедносен и економски сојуз“ со Европската Унија.

Обраќајќи се пред инвеститорите, бизнис лидерите и членовите на канадската влада на првиот Канадски инвестициски самит, Карни ја претстави Канада како „безбедно засолниште“ за странскиот капитал и оцени дека земјата може да игра важна улога во воспоставувањето „нов глобален економски поредок“, објавува „The Guardian“.

Карни особено го нагласи продлабочувањето на економските и политичките врски со ЕУ и изјави дека Канада е единствената неевропска членка на европската иницијатива за набавка на одбранбена опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зграда се урна во Газа, најмалку 10 лица загинаа, има исчезнати

Тој рече дека Канада и ЕУ размислуваат за „обединет“ однос, вклучувајќи ја и можноста за безвизно патување и работа, но дека разговорите се уште се во рана фаза.

Карни ќе биде почесен гостин на Европскиот парламент во Стразбур оваа недела, каде што денес ќе присуствува на обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за состојбата на ЕУ, а потоа во четврток ќе се обрати пред членовите на Европскиот парламент.

Претставниците на ЕУ сакаат да ја доближат Канада што е можно поблиску до Унијата, но без формално членство, додека како пречка за подлабока интеграција го наведуваат зачувувањето на разликата меѓу членовите и земјите што не се дел од ЕУ, пишува британскиот весник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чакал нападна дете од Србија во камп во Грција: Српските туристи доживеаја пекол на одмор

Брисел е особено заинтересиран да ја подобри соработката со Канада во областите на клучните суровини и енергија, како и одбраната и вештачката интелигенција.

ЕУ и Канада веќе имаат договор за слободна трговија, како и договори за дигитална соработка, суровини и истражување.

Порано оваа година, Канада стана првата неевропска земја што се приклучи на програмата на ЕУ за заем за одбрана од 150 милијарди евра, отворајќи поголеми можности за канадските компании да го снабдуваат европскиот пазар.

Сепак, Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада (CETA), потпишан пред речиси 10 години, сè уште не е ратификуван од Франција, Италија, Полска и седум други членки на ЕУ, поради што одредени делови од договорот не стапија во сила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проектил погоди брод во Ормутскиот теснец