Триесет и двегодишник од селото Младо Нагоричане бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека без дозвола возел мотокултиватор кој бил и нерегистриран.
– На 13.09.2026 во 16:00 часот во село Младо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Б.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотокултиватор без регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управува нерегистриран и без возачка дозвола.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

