Американецот Џордан Сешн нов центар на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

МКК Куманово го комплетираше ростерот со засилувањето на центарската позиција од американскиот кошаркар Џордан Сешн.

Сешн е професионален американски кошаркар роден на 8 јануари 1996 година во Атланта, Џорџија, висок 203 сантиметри.

Игра на позициите крилен центар и центар, а зад себе има богато кошаркарско искуство стекнато во повеќе земји.

Американецот своето средношколско образование го стекнал во „Иглс Лендинг“, по што продолжил на колеџ. Од 2014 до 2018 година настапувал за кошаркарската екипа на Државниот универзитет во Џорџија – Пантерс, каде што го направил следниот чекор во својата кариера.

По колеџот, Сешн ја продолжил професионалната кариера надвор од САД, градејќи интернационално искуство низ повеќе европски и светски кошаркарски првенства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР со најава за врнежи, ветер и заладување

Во досегашната кариера настапувал во Бугарија, Данска, Обединетото Кралство, Грузија, Мексико, Норвешка, Словенија и Србија, што му носи искуство од различни кошаркарски средини и стилови на игра.

Пристигнувањето на Сешн е последно засилување за МКК Куманово во пресрет на новите предизвици, со кои клубот ќе се обиде да состави конкурентен тим и да има значајна улога во домашното првенство.

Никола Ивановски