Неколку делови од Куманово и околните села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција утре во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „Трајко Јовановски“ (Шумски пат).
Во период од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат жителите на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.
Без струја од 09:00 до 11:00 часот ќе останат селата Косматац, Мургаш, Пезово, К’шање, Кокошиње и Кутлибег.
Прекини во снабдувањето ќе има и задутре, кога од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе остане дел од населбата Карпош, поточно место викано „Трлиште“, како и објектите „Мока пром“, и рестораните „Дион“ и „Центро Палас“.
Никола Ивановски

