Кумановскиот ракометар Јован Даневски ја продолжи кариерата во Германија

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот ракометар Јован Даневски ја продолжи својата кариера во Германија, каде веќе настапува за тимот на Хабенхаузен.

Дваесет и двегодишниот ракометар, кој игра на позицијата десно крило, успешно ја започна својата интернацинална кариера, каде веќе на првиот меч на Хабенхаузен против Олденбург, постигна три гола и помогна неговиот нов тим да стигне до победа.

Даневски е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а во својата кариера има настапувано за Еурофарм Пелистер и Тиквеш, како и за Куманово, каде и ја започна својата кариера.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 44-годшник од Куманово, ѝ се заканувал на сопругата