Шест интервенции на кумановските пожарникари вчера, повторно гореше и во Руѓинце

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции имале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, од кои поголемиот дел во соседно Липково, а повторно горело на истото место каде завчера пожар пеплоса 200 хектари површина во селото Руѓинце во Старо Нагоричане.

Во селото Слупчане, Општина Липково, вчера горела сува трева, при што во период од 10:15 до 13:05 часот интервенирале двајца пожарникари.

Сува трева горела и во липковско Оризаре, каде од 13:05 до 14:25 часот исто така интервенирале двајца пожарникари.

Ѓубре и сува трева гореле во кумановската населба Перо Чичо, каде во период од 14:35 до 15:15 часот интервенирале тројца пожарникари со две противпожарни возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот повторно над 100 денари

Сува трева горела и во кумановско Ново Село, при што двајца пожарникари гаснеле од 13:25 до 14:25 часот.

Вчеравечер повторно избувнал пожар во селото Слупчане, при што двајца пожарникари интервенирале од 21:15 до 22:15 часот.

Горело и во селото Лопате, на стариот пат за Матејче. Таму од 19:25 до 22:15 часот вечравечер интервенриале тројца пожарникари.

Вчера околу 14 часот повторно избувнал пожарот на истата локација на која завчера во селото Руѓинце во општината Старо Нагоричане, изгореа околу 200 хектари пошврина. Интервенирале седум пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане со две противпожарни возила.

Никола Ивановски