ЗНАМ: Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска

Сподели со своите пријатели

„Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска“, велат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во честитката по повод Денот на независноста.

„По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минчев: „Независноста е одговорност. Одговорност кон земјата, кон граѓаните и кон идните генерации“

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!“, стои во честитката.