И во Куманово утре свечено одбележување на 35 години независност на Македонија

Сподели со своите пријатели

Со свечена програма во Куманово утре ќе биде одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, соопштуваат од Општина Куманово.

Централното одбележување ќе се одржи на 8 септември 2026 година (вторник), со почеток во 10 часот, на малиот градски плоштад во Куманово.

Во рамки на свечената програма, во знак на почит и благодарност кон сите кои придонеле за слободата и независноста на државата, ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“.

Организаторите најавуваат и кратка културно-уметничка програма со пригодни содржини, посветена на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите сè уште над 30 степени

Свеченоста се организира од името на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Никола Ивановски