САД депортираа повеќе од 100 луѓе во Хаити, летовите станаа неделни наместо месечни

Сподели со своите пријатели

Владата на Соединетите Американски Држави депортираше повеќе од 100 луѓе во Хаити, што значително ја зголеми фреквенцијата на ваков вид воздушни летови, според американските медиуми денес.

Во четврток, авионот полета од американската Луизијана и слета во градот Кап Азиен на северот од Хаити, според NBC News.

„Ова е трет последователен лет за депортација во Хаити во четврток, што означува промена од месечни на неделни летови“, соопшти Human Rights First, која ги следи податоците за летовите.

Повеќе од 200 луѓе беа депортирани во Хаити кон крајот на август со два одделни лета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На маж во САД му пресадија свински бубрег. Издржа рекордни 271 ден

Николас Мардош, координатор на Министерството за надворешни работи на Хаити, за Асошиејтед прес изјави дека 101 депортирани лица биле на летот во четврток.

Тој рече дека меѓу нив бил и Ренан Едувил, кој некогаш раководел со Канцеларијата за заштита на граѓаните на Хаити и бил обвинет за корупција.

Депортираните пристигнуваат во Кап-Азиен бидејќи главниот меѓународен аеродром во Порт-о-Пренс се смета за премногу опасен, соопшти NBC, додавајќи дека се проценува дека бандите контролираат 70 проценти од главниот град на Хаити и делови од централниот регион на земјата.

Бандиското насилство расели речиси 1,5 милиони луѓе низ Хаити, каде што, според податоците на Обединетите нации, повеќе од 3.050 луѓе биле убиени од јануари до јуни, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции против Куба, вклучувајќи го и внукот на Раул Кастро