Кумановец бил агресивен и се заканувал на својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг бил агресивен и ѝ упатувал закани.

– На 04.09.2026 во 00:00 часот во СВР Куманово, 27-годишна жена од Скопје пријави дека на 03.09.2026 околу 21.30 часот во Куманово, нејзиниот сопруг Д.П. се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе добие пет нови возила за комунална хигиена (ФОТО)