Прегазен пешак во Куманово, возачот избегал

Сподели со своите пријатели

Седумесет и деветгодишна кумановка вчера била прегазена од „пежо“ на улицата „Лесковачка“, а вовзачот избегал од местото на настанот.

– На 31.08.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Лесковачка“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки удрило во 79- годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово.

– Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нема затворено училиште во Куманово, бројот на првачиња скоро ист како лани (ВИДЕО)

Никола Ивановски