Техеран ги негира тврдењата на Трамп за напад врз островот Харг

Сподели со своите пријатели

Нафтените капацитети на иранскиот остров Харг не престанаа да работат, изјави денес Хамид Бовард, генерален директор на Националната иранска нафтена компанија, негирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи дека овој клучен нафтен центар е уништен.

„Твитовите на Трамп се смешни, а ситуацијата во Харг е мирна и нормална“, изјави Бовард за иранската државна новинска агенција Норњуз, според Ројтерс.

Тој потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде што доаѓа 90 проценти од извозот на нафта на Иран, но дури и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп нареди, Google веднаш промени: Езерото Онтарио стана – Езеро Америка

Тој додаде дека изведувачите во моментов го реновираат и модернизираат резервоарот за складирање и пристаништето за танкери.