Силна бура го погоди Истанбул. Колапс на патиштата, неколку повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силни дождови денес ги погодија некои делови од Истанбул, по предупредувањето од Генералниот директорат за метеорологија.

Дождот што доаѓа од Црното Море ги погоди областите Шила, Султанбејли, Малтепе и островите на анадолската страна од градот, додека обилните дождови и водата на патиштата го отежнаа сообраќајот, објави Анадолија.

Вкупно 10 лица се повредени во две сообраќајни несреќи предизвикани од обилните дождови.

Во Есенјурт, 11 возила учествуваа во верижен судир на поврзувачкиот пат О-3 од автопатот ТЕМ Авџилар-Харамидере, а шест лица беа повредени.

Во Ускудар, во областа Узунџајир, четири лица се повредени во судир помеѓу три возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британци планинареле на +50 °C во пустина близу Дубаи, ги пронашле мртви

Полициски, медицински и противпожарни екипи беа испратени на местото на несреќата.

На повредените им беше укажана прва помош, по што беа пренесени во блиските болници.

Сообраќајни несреќи со материјална штета се регистрирани и во други делови од Истанбул.