Во поплавите во Непал и Тибет, речиси 1.500 исчезнати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 163 лица загинаа, а речиси 1.500 се водат како исчезнати во катастрофалните поплави во Непал и кинескиот Тибет.

Меѓу нив има најмалку 800 странски државјани, објавија агенциите.

 

 

Повеќе од 5.000 непалски војници и полицајци се вклучени во потрагата по преживеани, додека хеликоптери доставуваат помош во отсечените области.

ОН и меѓународните партнери мобилизираат персонал и залихи, а помош е најавена или веќе е испратена од САД, Кина, Европската Унија и Индија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјани на Србија и Бугарија меѓу исчезнатите во поплавите во Непал