Граѓаните да ги остранат возилата околу „Жмара“, апелираат од „Куманово паркинг“

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ преку соопштение до јавноста упатува апел граѓаните да го ослободат паркинг просторот кај локалитетот „Жмара“ поради бележење на паркинг места.

– Апелираме до граѓаните да се воздржат од паркирање на оваа локација, а оние чии возила се веќе паркирани да ги отстранат во најскоро време поради поставување на хоризонтална сигнализација, односно бележење на паркинг местата, стои во апелот.

Оттаму додаваат дека возилата кои нема да бидат отстранети, ќе бидат кренати со „пајак службата“, но за тоа нема да им се наплати на граѓаните.

Инаку, поставувањето хоризонтална сингализација е прв чекор од воведувањето од Б-зоната за паркирање во Куманово, која меѓу другото ќе ги опфати сите паркинг простори околу зградите долж булеварот „Октомвриска револуција“, односно од локалитет „Водовод“ до „Нико“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Будно ја следиме состојбата со западнонилската треска (ВИДЕО)

Резидентите од зградите ќе бидат ослободени од плаќање паркинг услуга за едно возило, додека за секое следно кое го поседуваат ќе добијат повластена цена од 400 денари.

Останатите граѓани ќе плаќаат како и во центарот на градот, но по цена од 25 денари за час.

Никола Ивановски